Претходна статија
Патниот Коридор 10 ќе биде целосно завршен до јуни
Следна статија
Ќе се изработува проект за гасификација на Битола

Пуштен во употреба новиот објект на Кривичниот суд во Скопје

Објавено на 01.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев вчера свечено ја отвори новата зграда на овој суд. Иако требаше да биде готова уште пред шест години, пуштањето во употреба постојано се одлагаше. Првично предвидената финансиска конструкција од 8,3 милиони евра порасна на над 9 милиони евра. И покрај сите проблеми околу завршувањето на неокласицистичкото здание, претседателот на Кривичниот суд денеска беше оптимистички настроен. Тој рече дека новиот Кривичен суд ќе ја креира убавината одвнатре, а судот ќе постанел пример за судството во државава.

 

Објектот располага со 25 судници (од кои две се големи сали), 100 судски канцеларии, просторија за препознавање на лица и современа техничка опрема, како и сопствен паркинг простор. За реализација на проектот беше подигнат заем од Светската банка. Камен – темелник за новата зграда беше поставен на 29 мај 2010 година, а како изведувачи беа ангажирани фирмите „Гранит“ и „Бауер БГ“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект