Претходна статија
Во 2019 година интензивна изградба на експресниот пат Штип - Кочани
Следна статија
Почнува постапката за изработка на нов ГУП за Велес

Пуштен во употреба новиот објект на градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 2

Објавено на 17.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По само неколку месеци од почетокот на градежните работи, министерката за труд и социјални политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев денеска го пуштија во употреба новиот објект на градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2. Овој објект од цврста градба ја замени досегашната барака на градинката, со што се оформија четири занимални и се создаде дополнителна површина од 150 метри квадратни. Новиот, енергетски ефикасен објект, има капацитет да згрижи 95 дечиња, опремен е со нови дидактични материјали, мебел и опрема за непречено одржување на предшколската грижа на дечињата.

*Извор на фотографии: Општина Карпош

 

Во изградбата на новиот објект на градинката „Мајски цвет“ беа инвестирани околу 10,6 милиони денари. Градежните работи ги изведе скопската фирма „Инженеринг Гроуп“. Градоначалникот Стефан Богоев информираше дека во завршна фаза е изведбата и на новата детска градинка во населбата Бардовци, а догодина ќе се реконструира и објектот на градинката „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1.