Претходна статија
Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ наскоро ќе биде вселив
Следна статија
Кој сака да гради туристичко развојна зона кај автокампот Градиште?

Првиот кинески воз за Македонски железници пристигна во Скопје

Објавено на 25.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со задоцнување од два месеци, во Македонија пристигна првиот од шесте нови возови што се произведуваат од кинеската компанија „CSR Corporation Ltd“. Електромоторната гарнитура од Кина до пристаништето во Солун беше транспортирана со брод, а во текот на вчерашниот ден со три камиони истата беше превезена до Скопје. По неопходните царински формалности и нејзиното примопредавање на Македонски железници – Транспорт, новиот воз ќе се претстави пред македонската јавност. Кинеската електромоторна гарнитура во наредните месеци е предвидено да се тестира на пругата од Табановце до Гевгелија, машиновозачите да се обучат за нејзино управување, додека железничкиот сервисен персонал треба да стекне знаења за нејзино одржување.

 

* Извор на фотографија: портал „Скопје Инфо“


Ако се завршат сите неопходни формалности во предвидениот рок, првиот кинески воз ќе почне да сообраќа по македонските пруги уште на почетокот од наредната година. Новата гарнитура се состои од три вагони со капацитет од 200 патници, додека нејзината максимална брзина на движење изнесува 160 километри на час. Овој воз во иднина ќе сообраќа кон Велес, Гевгелија и Табановце. Во наредните неколку месеци треба да пристигнат и преостанатите пет моторни гарнитури, со што ќе се обнови поголем дел од постоечкиот возен парк на МЖ – Транспорт. Финансиските средства за купување на шесте возови се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk