Претходна статија
Владата со поддршка за развојот на обновливите извори на енергија
Следна статија
ТЕМА: Изградбата на станови рушела апсолутни рекорди во 2017 година

Првиот електричен автобус во Скопје ќе почне да сообраќа во април

Објавено на 16.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските линии во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4. Капацитетот на ова превозно средство е 85 патници. По истекот на пробниот период, овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат. Овој електричен автобус троши минимално количество на електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење.

 

 

Неопходната инфраструктура за овој автобус (станици за полнење на електрична енергија) ќе бидат изведени на крајните постојки во населбите Ново Лисиче и Карпош 4 и тие ќе бидат поставени со помош на ЕВН. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека пробното користење на електричниот автобус ќе претставува искуство што ќе може да се искористи во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз.

 

„Годинава предвидовме буџет за субвенции за набавка на еко – автобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари. Работиме на модернизацијата на градскиот автобуски превоз“ изјави градоначалникот Шилегов. Од Chariot Motors им се заблагодарија на градските власти за можноста да ги претстават можностите на електричните автобуси во Скопје.

 

Автобусите произведени од оваа компанија веќе сообраќаат по улиците на Белград, Грац, Тел Авив, а наскоро ќе се вклучат и во јавниот превоз на Мадрид и Салцбург. Станува збор за израелска компанија за производство на електрични автобуси со седиште во Софија, која во соработка со кинеската компанија Хајгер произведува 76 автобуси на ден.