Првиот пристигнат примерок на двокатниот кинески автобус за потребите на јавниот превоз во Скопје денес ја доживеа и својата втора промоција, овој пат пред влегувањето во редовен сообраќај на градските линии. Јутонг-от засега ќе се обраќа на линијата 15а. Возилото е долго 10,58 и е високо 4,2 метри, а го придвижува 6,7 литарски мотор од произведувачот „Cummins“, со моќност од 220 коњски сили. Автобусот има капацитет за 80 патници, од кои 40 се седишта на горната платформа, додека на долната платформа има 20 седишта (17 фиксни и 3 на расклопување) и 20 места за стоење. Таванот е висок 190 сантиметри на долната и 170 сантиметри на горната платформа.
На денешната свеченост беа промовирани и уште 17 новопристигнати украински автобуси од производителот ЛАЗ, со што нивниот вкупен број во флотата на ЈСП достигна 32, односно околу 10 проценти. Покрај досега нарачаните 202 двокатни кинески автобуси од Јутонг (200 за јавен превоз и 2 отворени за туристички разгледувања) и 84-те украински од ЛАЗ (80 единечни и 4 зглобни), ќе се купат и дополнителни 15 отворени двокатни автобуси.
Форумска дискусија за новите кинески автобуси » овде
Форумска дискусија за новите украински автобуси » овде