Претходна статија
Отворени Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2018
Следна статија
Пад од 15% кај пазарот на недвижности во третиот квартал

Првата депонија по европски стандарди отворена во Гевгелија

Објавено на 24.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков, амбасадорката на Јапонија во Македонија Кеико Ханеда и постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Винтон денеска ја предадоа во употреба времената депонија за комунален отпад во Гевгелија. Станува збор за прва санитарна депонија во нашата земја која што е изградена според европските стандарди. Депонијата ќе биде од времен карактер, односно ќе биде дел од системот на идната регионална депонија за Југоисточниот плански регион.

 

На површина од 20.000 метри квадратни, новата депонија во Гевгелија има капацитет да прими 50 тони отпад дневно. Вредноста на проектот изнесува над 960.000 долари, кои се обезбедени со поддршка од УНДП и со неповратниот грант од Јапонската влада. Активностите за изведба на времената депонија во Гевгелија ги реализираше струмичката фирма „Жикол“.

 

Како што информираат од општина Гевгелија, новата депонија во Гевгелија ќе овозможи затворање на постојната несоодветна депонија кај Сува река, на која во изминатиов период се складираше отпадот од оваа општина.