Претходна статија
Распишан тендер за третата фаза од проширувањето на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Облакодерите во Аеродром ближат кон 35-тиот кат

Прва Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Објавено на 28.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ од Скопје (УАKС) во рамките на манифестацијата Охридско лето ја организира првата Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид. Настанот ќе се одржи од 1 до 7 јули во просториите на охридското средно училиште „Св. Климент Охридски“. Главен гостин – предавач на пријавените учесници ќе биде познатиот архитект Пол Норитака Танге, син на јапонскиот архитект Кензо Танге, за кого ова е втора посета на државава. Со архитектонските предавања ќе раководат хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина. Основната цел на летната школа е преку мултидисциплинарен пристап да се откријат вредностите на културната околина во контекстот на широко разбраната креативност, во насока на верифицирање на дефиницијата „Архитектурата како перформанс“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Следејќи ја врската помеѓу архитектурата и културата, местата и потенцијалите, функциите и идентитетот, се определуваат основните насоки што ќе развијат широка дискусија и ќе претставуваат главен фокус во работата на студентите и предавачите. Во рамките на манифестацијата, учесниците ќе имаат можност да го употребат академското знаење во практиката, да направат анализи и концепти, да ги развијат своите идеи, да дебатираат и да разменат искуство со своите колеги. Поддржувачи на годинешната летна школа се НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Општина Охрид.