Претходна статија
Основните училишта во Карпош ќе се греат со геотермални пумпи
Следна статија
Започнува со реализација проектот за нов Луна парк во Скопје

Прв домашен инвеститор во индустриската зона Бунарџик

Објавено на 17.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската компанија Хај Тек Асембли Центар денесka постави камен – темелник за својата фабрика во индустриската зона Бунарџик. Градбата со површина од 5.400 метри квадратни е првата инвестиција на македонска компанија во домашните технолошко – индустриски развојни зони. Фирмата планира да го изгради објектот најдоцна до претстојната есен и во него планира да вработи 100 лица. Во првата фаза од нивниот проект, предвидено е да се вложат 6.000.000, а Хај Тек Асембли Центар во индустриските зони планира да инвестира вкупно 20 милиони евра и да отвори 300 нови работни места.

 

 

 

„Новата компанија ќе биде врв на техничко – технолошките достигнувања во Македонија и ќе обезбеди работа за преку 300 луѓе. Со производството на најсофистицирани електронски компоненти, ќе учествуваме во светот на нано технологиите. На тој начин значајно ќе придонесеме во зголемувањето на македонскиот извоз“, изјави сопственикот на компанијата Саво Станковиќ. Производството во новиот индустриски објект ќе биде наменето за извоз и главно ќе се пласира во Германија, Швајцарија, Велика Британија и во скандинавските земји.

 

Прогнозите се дека домашната фирма во наредните пет години ќе се прошири во индустриската зона Бунарџик на дополнителни 11.000 метри квадратни. Хај Тек е македонска компанија чии производи наоѓаат широка примена во автомобилската, авионската и воената индустрија, како и во производството на медицинска опрема.