Претходна статија
Денеска нов протест „Го сакам ГТЦ“
Следна статија
Каналот Студенчишта ќе прерасне во марина за пловни објекти

Пругата од Миравци до Смоквица реконструирана за поголеми брзини

Објавено на 03.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска ја пуштија во употреба модернизираната железничка пруга од Миравци до Смоквица во должина од 12,4 километри. За помалку од 11 месеци е завршена рехабилитацијата на пругата по која возовите денес можат да се движат со брзина од 100 до 120 километри на час. „Ова е само првиот дел од предвидениот ремонт на 55,4 километри пруга на Коридорот 10 со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој во висина од 17,6 милиони евра, додека вториот дел ќе се состои во ремонт на делницата Ногаевци – Неготино во должина од 31 километар“, изјави министерот Јанакиески.

 

Реконструираната пруга Миравци - Смоквица (извор: Министерство за транспорт и врски)Реконструираната пруга Миравци - Смоквица (извор: Министерство за транспорт и врски)

 

 

Со реконструктивниот зафат на долниот строј на пругата беше поставен геотекстил и геомрежа, беше извршена замена на дрвените прагови со бетонски, замена на шините и положување на нов толчаник за подобрување на карактеристиките на горниот слој и обнова на шест патни премини. „Сега постоечките патни премини на овој дел се изработени со горен слој од рециклирана гума и се многу побезбедни при преминување, а исто така и пероните на стојалиштата во Милетково и Стара Смоквица се реконструирани со вградување нови армирано – бетонски елементи“, рече директорот на МЖ – Инфраструктура Асани.

 

Последен ремонт на железничката пруга од Миравци до Смоквица бил направен пред 43 години. Заедно со оваа делница, беше започната и реконструкцијата на пругата од Табановце до Куманово, на која во моментов се одвиваат завршните градежни активности. Изведувач на работите на двете делници е германската компанија „Вибе“ (Wiebe), која го доби тендерот во партнерство со австриската компанија „Алпине“ (Alpine Bau), но после банкротот на австрискиот гигант, самостојно ги продолжи градежните активности. Овој зафат се одвива во рамките на опсежниот проект за санација на железничкиот Коридор 10 на територијата на Македонија, но и на целата територија на Србија.