Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска извршија увид во изградбата на пругата Битола – Кременица. Железничката траса во должина од 17 километри треба да се заврши до ноември 2018 година, во спротивно ќе биде повлечен грантот во висина од 6 милиони евра доделен од Европската Унија. Градежните работи на терен ги изведува австриската компанија „Штрабаг“, додека висината на инвестицијата е 17,2 милиони евра. 11 милиони евра за овој проект се обезбедени од буџетот на Република Македонија.
*Извор на фотографии: Министерство за транспорт и врски
„Со изградбата на пругата ќе обезбедиме брз пристап со железница од Пелагонискиот регион до Солунското пристаниште, а понатаму ќе се поврземе и со Коридор 4 до Турција. Ова е многу значајно ако се има предвид дека близу до нас се наоѓа и индустриската зона Жабени со што ќе овозможиме брз и поевтин транспорт на стоките и услугите за компаниите не само во зоната туку и сите останати во Пелагонискиот регион“ изјави министерот Сугарески.
» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица