Претходна статија
Меркатор повторно го актуелизира влезот во Македонија
Следна статија
Старата коцка за нов плоштад

Проширувањето на Првомајска најавено за напролет

Објавено на 11.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од градот информираат дека во финална фаза е изготвувањето на изведбениот проект за проширување на Првомајска. Распишување на тендер за избор на изведувач е предвидено за почетокот на 2010, а стартот на градежните работи веднаш штом дозволат временските услови. Првомајска со уште две ленти ќе се проширува од „рампа“ до крстосницата со улица Народни Херои и од крстосницата со булевар Србија до мостот на Маркова Река кај Драчево. Со тоа таа ќе прерасне во булевар со четири ленти по целата своја должина. Предвидено е лентите да бидат широки по 3,5 метри, а исто така предвидена е изведба на тротоари и велосипедски патеки. Во буџетот на градот за 2010 се одвоени 20 милиони денари за оваа намена.


Бившиот градоначалник на општина Кисела Вода, Ѓорѓе Арсов, најави дека проширувањето на сегментот од „рампа“ до крстосницата со улица Народни Херои ќе почне до крајот на 2008. Сегашната гарнитура првично најави дека работите на терен ќе стартуваат во ноември годинава, со тоа што во прва фаза требаше да се одвива проширувањето на спомнатиот сегмент, а во втора фаза сегментот од крстосницата со булевар Србија до Драчево. Но овие најави не се реализираа.




Форумска дискусија за овој проект –> овде