Претходна статија
Втора фаза од изградбата на пешачко - велосипедска патека во Марино
Следна статија
Започна реконструкцијата на водоводот во Ресен

Промовирани електричните возила на Ј.П. „Комунална хигиена“

Објавено на 08.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денеска на плоштадот „Македонија“ ги промовираше четирите возила на електричен погон на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Возилата ќе се користат за чистење, миење и полирање на мермерните плочки на плоштадот „Македонија“, како и за чистење на другите плоштади и пешачки зони во централното градско подрачје. Вкупната цена на возилата изнесува 13,5 милиони денари (220 илјади евра). „Ј.П. „Комунална хигиена“ набави две возила на електричен погон – метлачки „Еурека“, едно возило метлачка на електричен погон со моќ на моторите 5-6 kW и едно специјално комунално возило за собирање и транспортирање комунален отпад од садови со капацитет од 120 литри“, информираше Трајановски.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Ова јавно претпријатие во наредниот период ќе набави три нови електромопеди за своите потреби. Во своите буџети за 2016 година, сите претпријатија под капата на Град Скопје во своите буџети имаат планирано средства за набавка на возила на електричен погон кој ќе ги користи нивната администрација. Во изминатиов период, возила на електричен погон купија Градот Скопје и Ј.П. „Градски паркинг“.