Претходна статија
Почнува пријавувањето за субвенции за прозорци и сончеви колектори
Следна статија
Обновена уште една фасада во Старата скопска чаршија

Промовирана книгата „Од фрагментиран кон еластичен град“ на Дана Јовановска

Објавено на 02.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектката Дана Јовановска вечерва ја промовираше книгата „Од фрагментиран кон еластичен град“. Континуирани Оперативни Пејзажи за Скопје“ издадена од италијанската куќа „Mggiolli Editore“. Заедно со промоцијата на книгата, во „Концепт 37“ се одржа и изложба на нејзини цртежи. Издаденото книжевно дело претставува дисертација, која е дел од збирката тези од престижниот италијански универзитет Politecnico di Milano. Авторката Дана Јовановска во апстрактот на своето дело дава нов поглед кон повторувачките прекини на урбаниот развој на Скопје.

 

 

„Целта на програмирање на Скопје со медиумот на континуирани оперативни пејсажи, е да се создаде флексибилен урбан систем со зголемен капацитет за прифаќање на непредвидливи околности и постојано променливи барања. Фрагментираната и недовршена урбана состојба на Скопје треба да стане адаптивен, флуиден и отворен систем, способен за прифаќање нарушувања, без квалитативно да се менува во друг систем. На овој начин, може да се воспостави град способен за одржување на сопствениот континуитет – ЕЛАСТИЧЕН ГРАД!“ се наведува во краткиот приказ на публикуваното дело.