Претходна статија
Во Валандово се собираат потписи за референдум против рудникот Казандол
Следна статија
Поликлиниките во Скопје ќе произведуваат електрична енергија од сонцето

Промовирана книгата „Град без љубов“ на архитект Александар Петров

Објавено на 08.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонскиот архитект и колумнист Александар Петров вечерва во киното „Култура“ ја промовираше неговата нова книга „Град без љубов“. Книжевното дело претставува збирка од колумни во кои авторот пишува за проектот „Скопје 2014“. Книгата беше неодамна објавена од издавачката куќа Темплум. Александар Петров во предговорот посочува дека книжевното дело е создадено во периодот од 2013 година до денес. „Сите текстови се концентрираат на градежниот аспект на тоа владеење, кој трајно го уништи градот и константно го силуваше градското јадро сите тие години“ пишува авторот.

 

 

Александар Петров е архитект кој дипломирал на универзитетот во Ферара (Италија), во класата на Џовани Корбелини. Како стипендист на регионот Емилиа Ромања стручно се усовршува во Загреб, под водство на професорот Хрвоје Њириќ. Од 2006 година работи во различни архитектонски студија во Италија. По краткиот престој во Мелбурн се насочува кон проектирање инфраструктурни проекти, а од 2013 година постојано е ангажиран на проектот за проширување на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција. Архитект Александар Петров има изведено објекти во Скопје и Милано.