Претходна статија
„Плоштад Слобода“ бара измени во ДУП „Мал Ринг“ за заштита на зелените површини
Следна статија
Продажба на земјиште за изградба на спортско - рекреативен комплекс во Зелениково

Промовиран новиот објект на „Стариот театар“

Објавено на 31.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска во Скопје беше свечено отворен обновениот објект на Македонскиот народен театар кој се урна во замјотресот од 1963 година. Лоцирана на левиот брег на Вардар, помеѓу музејот „Македонска борба“ и мостот „Гоце Делчев“, новата театарска зграда располага со вкупна површина од 7.200 метри квадратни. Во рамките на отворањето на „Стариот театар“, беше промовиран и Музејот на МНТ кој е распослан низ целиот објект и содржи фотографии, плакати, програмски книшки, реквизити, сценографски и костимографски скици, костими, лични предмети на актерите и огромен број документи. Првата премиера ќе се одржи во септември, тоа ќе биде претстава според текстот на Јор­дан Плев­неш „Веч­на ку­ќа“.

 

Фоајето е на три нивоа, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се од модуларен тип со двојно дно. Големата сцена е со 15 мали и две големи платформи, додека бочната сцена има шест движечки платформи и интербина со ротирачка платформа. Во системите на сценските технологии е вградена опрема од најпознати светски производители.

 

„Стариот театар“ е обновен според идејниот проект на архитектот Јован Стефановски – Жан, а во изградбата учествуваа бројни домашни и странски градежни компании, меѓу кои: Бетон Штип, Штрабаг, Ламоне Мореда и Електро лаб. Објектот започна да се гради на почетокот на 2007 година и според првичните најави требаше да чини над шест милиони евра. Во октомври 2011 на градилиштето се случи пожар кој предизвика материјална штета и дополнително ги пролонгираше роковите за завршување на проектот. Од Министерството за култура сè уште не ја објавуваат конечната цена на „Стариот театар“, но според различни медиуми таа се движи помеѓу 35 и 40 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за „Стариот театар“

 

 

 

Галерија:

 

###

###

###

###

###

###

###

###

###

###