Претходна статија
Осми меѓународен саем за градежништво
Следна статија
Еколошката градба е клуч за македонското градежништво

Промоција на првиот двокатен автобус од Јутонг

Објавено на 01.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првиот од вкупно 200 двокатни градски автобуси на кинескиот произведувач „Јутонг“ денес беше претставен со промотивно возење низ скопските улици. Со него први се повозија градоначалникот на градот  Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје, Мишо Николов. Моделот е долг 10,6  и е висок 4,2 метри, а го придвижува 6,7 литарски мотор од произведувачот „Cummins“, со моќност од 220 коњски сили. Автобусот има капацитет за 80 патници, од кои 40 се седишта на горната платформа, додека на долната платформа има 20 седишта и 20 места за стоење. Цената на едно возило изнесува 177 илјади евра.


Покрај градските автобуси, од „Јутонг“ се нарачани и два отворени туристички автобуси, по еден за Скопје и Охрид. Според договорот, до крајот на 2011 треба да се испорачаат најмалку 66 автобуси, додека во наредните две години по 68. Обновата на возниот парк на ЈСП започна пред десетина дена, со пуштањето во сообраќај на 15 нови украински автобуси од произведувач „ЛАЗ“. Градоначалникот Коце Трајановски ја искористи денешната можност и да најави дека „авео“ системот за плаќање со „смарт“ картички конечно ќе се реализира до крајот на годинава.


Фотографијата е преземена од Министерството за транспорт и врскиФотографијата е преземена од Министерството за транспорт и врскиФотографијата е преземена од Министерството за транспорт и врски



Форумска дискусија за двокатните автобуси » овде