Претходна статија
Специјалното јавно обвинителство со истрага за проектот „Скопје 2014“
Следна статија
Воз за Крива Паланка нема да видиме пред 2020 година

Промоција на „Ничија земја“ на Биеналето на архитектура во Венеција

Објавено на 25.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во историскиот воен локалитет „Арсенале“ утре ќе биде инаугуриран македонскиот павилјон во рамките на XV Биенале на архитектурата во Венеција. Нашата земја на најпрестижниот меѓународен настан од областа на архитектонското творештво ќе биде претставена со проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“. Поставката ќе биде поставена во периодот од 28 мај до 27 ноември. На утрешното отворање на павилјонот свое обраќање ќе има министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Како одговор на темата на овогодинешното биенале „Известувања од фронтот“, нашата земја ќе се претстави со специфична инсталација – објект.

 

 

Авторското дело е изработено од страна на Стојан Павлески, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски и Ѓорѓи Радовановиќ. Комесар на нашето претставување е д-р Иванка Апостолова, додека соработници на проектот се Влатко Чавкоски, Натали Павлеска и Ристо Кокалановски. Советници во рамките на проектот се Јован Шумковски и Станко Павлески. Претставувањето на Република Македонија на венециското биенале е поддржано од Министерството за култура.