Претходна статија
Продадени пет локации за градење во индустриската зона „Прилеп 2“
Следна статија
Ќе се задолжуваме за гасификација и за патот Штип - Радовиш

Промоција на книгата „Патот на еден архитект“ од професорот Георги Константиновски

Објавено на 06.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје денеска беше промовирана книгата „Патот на еден архитект“ на пензионираниот универзитетски професор Георги Константиновски, во присуство на бројни архитекти и студенти по архитектура. Свечениот настан го отвори професорот Минас Бакалчев, декан на Архитектонскиот факултет при УКИМ, кој говореше за улогата на професорот Константиновски во развојот на македонската архитектонска сцена. Промовираното книжевно дело е исполнето со содржина што го опишува реализираниот творечки опус на Георги Константиновски како архитект и универзитетски професор.

 

 

 

Професорот Георги Константиновски одигрува значајна улога во развојот на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Негови најпознати творечки дела се објектот на Архивот на Град Скопје, Студенскиот дом „Гоце Делчев“, зданието на ИЗИИС, спомен куќата на Разловечкото востание во Делчево и Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Константиновски е добитник на Националната награда „11 Октомври“ и на бројни други награди и признанија. Својата кариера ја започнал како дипломиран архитект на Архитектонскиот факултет во Скопје, додека магистерските студии ги завршил на Школата за архитектура при Универзитетот Јејл во САД.