Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Градските плажи во Скопје сардисани од неодговорноста на граѓаните и градската власт
Следна статија
Уште една катна гаража во центарот на главниот град

Профункционираа првите подземни контејнери за смет во Скопје

Објавено на 04.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градските власти денеска го промовираа системот за функционирање на подземните контејнери во општина Центар. Подземните контејнери за смет, секој со зафатнина од три метри кубни, се поставени на платформа која со помош на хидрауличен погон се подига и спушта, при што се вадат на површината само за време на празнењето.

 

Во оваа фаза  планирано е поставување на вкупно 50 подземни контејнери на 15 локации низ централното градско подрачје. На пет локации ќе се постават по четири контејнери, од кои три ќе се користат за одлагање мешовит отпад, а еден за ПЕТ амбалажа, додека на преостанатите 10 локации ќе се постават по три контејнери, од кои по два за мешовит и еден за ПЕТ амбалажа.

 

Проектот го реализира словенечката фирма „Атрик“, а рокот за завршување е крајот на март. Финансиите  во висина од 33 милиони денари се обезбедени од повеќе извори – Градот Скопје и Општина Центар учествуваат со по 10 милиони, додека Ј.П. „Комунална хигиена“ со 13 милиони денари. Надлежните најавуваат дека проектот за поставување на подземни контејнери планираат да го продолжат и во другите скопски општини, а први веројатно ќе бидат Кисела Вода и Чаир.

 

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје