Претходна статија
Јане Сандански дојава во Аеродром
Следна статија
Отворен монтажен паркинг во Ново Лисиче

Профункционира новиот кружен тек во Ѓорче Петров

Објавено на 27.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новиот кружен тек кај трговско-деловниот центар „СП Планет“, на вкрстувањето на улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка од денес е отворен за сообраќај. Кружниот тек има две коловозни ленти широки по 3,5 метри, а во средината треба да биде поставен споменик на Ѓорче Петров, на чив постамент сеуште се работи. За потребите на новото сообраќајно решение е поставен асфалтен слој БНС – 19 сантиметри и АБ – 6 сантиметри. Проширен и уреден е влезот во улицата Радушка, тротоарите и велосипедските патеки се поплочени со бехатон плочки и поставени се заштитни столпчиња. Исто така обновено е и уличното осветлување.

 

Изградбата започна пред речиси осум месеци, а изведувач на градежните работи беше „Пелагонија Гостивар“. Последните вести за цената на овој зафат ја спомнуваат цифрата 250 илјади евра, иако првично беше соопштено дека проектот ќе чини околу 130 илјади евра.

 

Градоначалникот Коце Трајановски кој присуствуваше на отворањето, изјави дека реконструкцијата на петте големи сообраќајници во централното градско подрачје е завршена и дека е во припрема проширување и реконструкција на булеварот Свети Климент Охридски, кој треба да добие по една дополнителна лента во правец, како и нови тротоари.

 

##