Претходна статија
1.000 нови паркинг места за новите згради во Горно Лисиче
Следна статија
Нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во Кочани

Проектот за пругата кон Албанија ќе биде готов во 2016 година

Објавено на 10.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Варијанти на трасатаКонзорциум составен од шпанската компанија „Типса“ и француски „Луи Берже“ ќе го изготвува изведбениот проект и дизајнот за изградба на пругата од Кичево до пограничниот албански град Лин. Ова денеска го изјави директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани, кој најави дека изработката на проектната документација започнува на 15-ти овој месец и ќе се комплетира во временски период од 22 месеци. Со обемната документација за оваа железничка делница од Коридорот 8 ќе се утврди точната траса на нејзина изградба и финансиската конструкција на целокупниот проект. Според првичните проценки, за пругата во должина од околу 60 километри ќе бидат потребни околу 350 милиони евра.

 

Планираната железничка станица кај СтругаОткако ќе биде изготвена проектната документација, ќе се пристапи на фазите за конкретна изведба на железничката делница. Според првиот човек на МЖ – Инфраструктура, во првата фаза ќе се пристапи кон експропријација на земјиштето, а ќе почне и постапката за објавување повик за избор на градежни компании што би учествувале во изведбените активности. Идентично како и со делот од пругата кон Бугарија, планирано е севкупните градежни работи на пругата од Кичево до Лин да се завршат најдоцна до 2022 година.

 

Западната железничка траса на Коридорот 8 е изградена единствено на потегот од Скопје до Кичево како неелектрифицирана едноколосечна пруга. Истовремено, Албанија пред неколку децении ја има изградено пругата од Драч кон пограничниот град Лин, но која во моментов се наоѓа во катастрофална состојба поради неинвестирање во железничката инфраструктура. Патничките возови од Тирана до Подградец се укинати веќе неколку години наназад.

 

 

Бојан Блажевски