Претходна статија
Општина Кавадарци ќе изработи проект за нов градски пазар
Следна статија
Експресен пат ќе се гради од Струмица до македонско - бугарската граница

Проектот на „Тетракстис“ победник на Конкурсот за аква парк во Гостивар

Објавено на 20.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Најавениот аква парк во Гостивар ќе се гради врз основа на победничкото идејно решение на Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг „Тетракстис Кристијан“ од Скопје. Тричлената комисија при Општина Гостивар на ова проектантско биро му ја додели првата награда во износ од 50.000 денари. Општинските власти ќе преминат кон изработка на основен проект за идниот спортски објект, којшто ќе се наоѓа долж градскиот кеј на реката Вардар. „Изградбата на аква паркот ќе биде економична и нема да го оптовари општинскиот буџет, бидејќи целосната реализација ќе биде на принцип на јавно – приватно партнерство“ информираат од Општина Гостивар.

 

 

Аква паркот во Гостивар е предвидено да се изгради во 2019 година. Комплексот ќе има на располагање содржини на водна површина со над 2.000 метри квадратни. Со проектот е зацртано да се градат базени за спирални тобогани, за брзи тобогани, базен со бранови, мрзлива река, плиток базен за деца до 4 години и детски базен за деца од 4 до 14 – годишна возраст. Конкурсот за избор на идејно решение за овој спортски објект беше распишан кон крајот на мај годинава.