Претходна статија
“Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија
Следна статија
Во Маџир Маало постепено се гради нова инфраструктура

Продолжува реконструкцијата на улици оштетени во ланските поплави

Објавено на 04.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во тек е реконструкција на една од најважните сообраќајници во населбата Ченто, улицата „Јужноморавски бригади“, која беше значително оштетена во минатогодишната катастрофална поплава што го погоди скопскиот регион. Улицата се санира во должина од 920 метри, на потегот од семафорите кај паркот во Ченто до сервисот „Дамевски“, а изведувач на градежните работи е „Македонија пат“. Поставувањето на нов асфалт на коловозот со ширина од шест метри треба да почне наредната недела.

 

 

Оваа улица се реконструира како дел од акцијата за обнова на патната и комуналната инфраструктура во подрачјата зафатени од елементарната непогода. Во рамките на оваа акција досега е завршена реконструкцијата на улици со вкупна должина од над 25 километри во сите населени места. Во моментов се реконстуираат улици во Камник, четири улици во Црешево, улицата број 14 во Синѓилиќ, а од наредната недела ќе продолжат активностите во наслените места Економија и Булачани, информираше градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Градот Скопје за реконструкција на оштетената инфраструктура во погодените подрачја алоцираше 150 милиони денари.