Општина Центар ќе продолжи со реконструкцијата на улицата Аминта Трети (поранешна Ленинова) во центарот на Скопје. Деновиве е потпишан договорот за изведба на атмосферска канализација и за санација на коловозот на потегот од улица Орце Николов до булевар Партизански одреди, за што општината ќе вложи 6.756.508 денари, односно околу 110.000 евра. За изведувач е избрана фирмата „Вардарградба“ од скопското село Трубарево. Реконструктивниот зафат на улицата Аминта Трети се реализира по повеќе од триесет години од последната санација на оваа сообраќајница.
* Извор на фотографија: Општина Центар
Општина Центар во изминатиов период ја обнови улицата Аминта Трети на потегот од кривината кај Градскиот парк до улицата Орце Николов. Во општинската програма е предвидено допрва да се санира оваа сообраќајница на делот од булеварот Партизански одреди до булеварот Св. Кирил и Методиј (некогашен М.Х.Јасмин).