Претходна статија
Прилепскиот градоначалник најавува нова населба за 13.000 жители
Следна статија
Во септември оглас за доделување на локациите за билборди

Продолжува проширувањето на булеварот Илинден, ќе се проширува и улицата Манапо

Објавено на 26.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Моментална состојба на трасата на булеварот ИлинденДенеска започнаа градежните активности за проширување и реконструкција на булеварот Илинден – трета фаза, на потегот од бензинската пумпа на Макпетрол до улицата Љубљанска, во должина од 1.100 метри. Предвидено е овој сегмент од сообраќајницата да добие вкупно четири коловозни ленти широки по 3,5 метри. Во средишниот појас ќе се изгради жардиниера и со зеленило, со променлива ширoчина од 2,5 до 5 метри, а од двете страни ќе бидат изведени нови тротоари со широчина од по 2,5 метри и ќе биде поставено ново осветлување. По проширувањето, асфалтот на стариот коловоз ќе биде изгребен и ќе биде нанесен нов асфалтен слој на површина од 10.500 метри квадратни. Во овој проект Градот Скопје ќе вложи вкупно 64 милиони денари, односно околу еден милион евра. Градежните работи ги врши скопски „Гранит“, а рокот за изведба е 90 работни денови.

 

Во 2010 година Градот Скопје го прошири и го реконструираше булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8-ми Септември, во должина од 2 километри, за што беа  вложени околу 3,3 милиони евра. Во 2011 година идентичен зафат беше реализиран на краткиот сегмент од крстосницата со булеварот 8-ми Септември до бензинската пумпа на Макпетрол, за цена од околу 325 илјади евра.

 

Истовремено ќе се работи и на соседната улица Манапо. Таа ќе се проширува и реконструира по целата нејзина должина, односно од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди, во должина од 450 метри.

 

Почеток на градежните активности кај улицата Манапо (извор: Град Скопје)Предвиден е коловоз со четири сообраќајни ленти широки по 3,5 метри и тротоари со широчина од по 3,5 метри. Според соопштението на градските власти, изградбата на новиот коловоз ќе се искористи за целосна реконструкција на фекалната канализација во должина од 640 метри и на атмосферската канализација во должина од 510 метри. За овој градежен зафат е задолжена градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Финансиската тежина на проектот е околу 28 милиони денари, односно околу 450 илјади евра, а рокот за изведба е исто така 90 работни денови.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Илинден