Претходна статија
Со средства од ЕУ регулирано коритото на Козјачка река во Карбинци
Следна статија
„ОДВ-Електрик“ ќе гради втора фабрика во ТИРЗ Струга

Продолжува изградбата на новото основно училиште во Капиштец

Објавено на 26.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и националниот координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО Стево Пендаровски денеска извршија увид во изградбата на новото основно училиште во скопската населба Капиштец. Градежните работи се во завршна фаза. Во моментов се подготвува темелната плоча за третиот и последен дел од училиштето, во чии рамки ќе биде сместен Центарот за деца со детска парализа.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

Во изминатиов период, истакна градоначалникот Богдановиќ, беа изградени кабинетите, училниците, спортската сала и ботаничката градина. На градилиштето во моментов се изведуваат антибактериските подови во објектот, а веќе е завршено инсталирањето на подното греење, со што овој училишен објект ќе биде прв и единствен во Македонија што ќе има ваков тип на греење. На објектот се поставени инсталациите за еколошкото ЛЕД осветлување, а изведена е и енергетски ефикасната фасада.

 

Новото основно училиште на почетокот од изградбата ја добило поддршката од Светската банка, а дополнителна поддршка од ЕУ се очекува за внатрешното уредување на училишните простории. „Со ова училиште во целост ги задоволуваме европските стандарди за квалитетни услови за основно образование за нашите деца“ изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.