Претходна статија
Пречистителната станица во Гевгелија ќе почне да се гради во јуни
Следна статија
Гари ќе прерасне во туристичка атракција

Продолжува изградбата на 100 тениски игралишта

Објавено на 16.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По подолготрајна пауза и застој во остварувањето на проектот, Агенцијата за млади и спорт продолжува со изградбата на 100 тениски игралишта на целата територија на Македонија. Пред една недела се потпишани четири договори со градежни фирми – во проектот ќе бидат вклучени косовската „Ескаватори“, „Конструктор Рената и др.“, „Пелагонија Гостивар“ и „Жикол“. Крајната вредност на проектот не е објавена, но се проценува дека ќе се движи околу 400 милиони денари, односно 6,5 милиони евра.

 

 

 

Реализацијата на договорите ќе се одвива постепено, при што сите етапи треба да завршат во временски период од 36 месеци. Идните тениски игралишта ќе се состојат од асфалтни терени со акрилна подлога за заштита од лизгање, тениска мрежа, клупи и маси за одмор, судиско столче, жичана ограда за заштита на опремата, како и рефлектори што ќе овозможат користење на терените во вечерните часови. Овој проект беше најавен за реализација од Агенцијата за млади и спорт уште во текот на 2008 година, а неговото спроведување стартуваше кон крајот на јануари 2010 година.