Претходна статија
Распишан повикот за надомест на трошоците за купување велосипед во Скопје
Следна статија
Скопски „Бетон“ со намалени приходи на почетокот од годинава

Продолжува гасификацијата на центарот на Куманово

Објавено на 13.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие „Куманово-гас“ го продолжува проектот за натамошно проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа во централното градско подрачје на Куманово. Локалните власти во моментов работат на привршување на кракот на булеварот „Октомвриска револуција“, а од наредната недела ќе започне изведбата на приклучоци на изградената гасоводна мрежа на улиците „Питу Гули“, „29 Ноември“ и „Перо Тошев“ во центарот на градот. Од „Куманово-гас“ очекуваат дека со проширувањето на гасоводната мрежа ќе се приклучат на природен гас околу 130 домаќинства.

 

 

„Во фаза на подготовка сме на проект за инфраструктура и основен проект во делот на улиците „Цар Самоил“ и „Никола Вапцаров“, а очекуваме да добиеме решение за градба и поставување на гасоводна инфраструктура на делот кон училиштето „Бајрам Шабани“ информира Драган Петровски, директор на Ј.П. „Куманово-гас“. Најголем корисник на природен гас во Куманово засега е новиот градски базен, а по него следуваат основните и средните училишта во градот.