Претходна статија
Граѓаните масовно ја поддржуваат иницијативата „Го сакам ГТЦ“
Следна статија
Продажба на државно градежно земјиште во Василево и Кривогаштани

Продолжува гасификацијата на Куманово

Објавено на 23.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Куманово го продолжува процесот на гасификација на објектите во градот. Според објавените информации на порталот „Куманово Њуз“, користењето на овој енергенс досега е обезбедено за 12 локални установи, училишта, градската библиотека и седиштето на ЕВН во Куманово, кои се приклучија на изградената гасоводна мрежа и активно го ползуваат природниот гас. Јавното претпријатие „Куманово – гас“ периодов работи на гасификацијата на бројни други објекти. „Правиме подготовки за црквите „Света Троица“ и „Свети Никола“, навлегуваме во населбата Гоце Делчев, во изградба е мрежата на улиците „Иго Тричковиќ“ и „Живко Чало“. Наскоро ќе се гасифицира и првата станбена зграда“, вели Драган Петровски, директор на Ј.П. „Куманово – гас“.

 

 

 

Природниот гас во Куманово веќе го користат стотици правни субјекти и физички лица. Очекувањата се дека нивниот број ќе расте и во наредниот период. Дивото приклучување на граѓаните и на стопанските субјекти на гасоводната мрежа е невозможно. Општина Куманово досега изгради преку 16 километри гасоводна мрежа на територијата на овој град, со што се создадоа услови за натамошно приклучување на граѓаните и на компаниите.