Претходна статија
500 илјади евра за реконструкција на главната улица во Пробиштип
Следна статија
По застојот, продолжува изградбата на општинската зграда на Карпош

Продолжени роковите за легализација на бесправно изградените објекти

Објавено на 30.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Доставувањето на елаборати за легализација на дивоизградените објекти се продолжува до 31 декември 2015 година, а рокот за легализација на терасите што се пренаменети во станбен простор е продолжен до 30 јуни 2015 година. Овие измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се усвоени на последната владина седница, информираше денес портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. „Анализите покажаа дека геодетските компании поради нивната бројност од една страна и опфатот кој треба да го покријат од друга страна нема да бидат во можност да ги задоволат сите потреби и интереси на граѓаните“, изјави Ѓорѓиев. Според официјалните податоци од Министерството за транспорт и врски, досега се легализирани околу 90 илјади бесправно изградени објекти, што и понатаму е мал дел од вкупно поднесените 350 илјади барања од граѓаните.

 

 

 

Во однос на одлуката за легализација на терасите, граѓаните имаат дополнителен рок до 30 јуни 2015 година за поднесување барање за утврдување правен статус на овие површини од објектите, со тоа што тие треба да бидат изградени во периодот до 3 март 2011 година.