Претходна статија
Поволни вести за гасификацијата
Следна статија
Големата награда на БИМАС 2010 ја доби проектот Винарија Стоби

Продажба на земјиште за здравствена институција во Карпош

Објавено на 06.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУПМинистерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување на државно градежно земјиште за изградба на здравствена институција, по пат на јавно наддавање. Предмет на огласот е парцела во близина на Воена Болница, зад бензинската пумпа на Макпетрол, со големина од 8.400 метри квадратни. Објектот е предвиден со ДУП за Локалитет Карпош 2, чив опфат е помеѓу ул. Бледски Договор, бул. Илинден, бул 8-ми Септември и бул. Партизански одреди, а кој е донесен на 23.12.2009. Со деталниот урбанистички план, кој општината го донесе по барање на владата, се предвидени два нови здравствени објекти со приземје и 4 спрата, високи по 21 метар. На парцелата на која се однесува огласот треба да никне зграда со површина на габаритот од 2.541 метри квадратни и максималната изградена површина од 12.707 метри квадратни. Со условите на огласот се бара да бидат обезбедени 260 болнички легла и 100 паркинг места.


Почетна цена за метар квадратен изнесува 12.000 денари, односно 100.800.000 за целото земјиште. Пријавите за учество можат за да се доставуваат најдоцна до 05.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 12.05.2010, во просториите на Министерството за транспорт и врски, со почеток во 11 часот.