Претходна статија
Промовиран новиот објект на „Стариот театар“
Следна статија
Започна издавањето градежни дозволи по електронски пат

Продажба на земјиште за изградба на спортско – рекреативен комплекс во Зелениково

Објавено на 01.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Огромен спортско – рекреативен центар и луксузни хотели е предвидено да се градат во општина Зелениково. Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште со површина од преку 65 хектари, од кои 644.391 метри квадратни се во сопственост на државата. Во рамките на комплексот е предвидено да се градат хотели, бунгалови, голф – терени и други спортски игралишта. Локацијата во близина на главниот град е сместена во месноста Пакошево, на околу 10 километри од скопскиот аеродром и од автопатот од Коридорот 10. Почетната цена на земјиштето изнесува 53 денари за метар квадратен или околу 560 илјади евра вкупно. Депозитот за учество на електронската лицитација изнесува 4 милиони денари.

 

Заинтересираните инвеститори треба да се пријават најдоцна до 3 јули, а наддавањето е предвидено да се одржи на 10 јули. Идниот сопственик ќе треба да обезбеди градежна дозвола во рок од 12 месеци од купувањето на земјиштето, а голф – терените и хотелските комплекси треба да ги изгради во рок не подолг од 6 години од денот на правосилноста на одобрението за градење. Од Општина Зелениво во неколку наврати наназад во медиумите нагласуваа дека постојат заинтересирани странски инвеститори за вложување во овој огромен проект.