Општина Илинден објави оглас за продажба на 11 градежни парцели за изградба на станбени куќи во новата населба „Јака“, по пат на јавно наддавање. Се работи за плацови со површина од 370 до 555 метри квадратни, чија почетна цена на аукцијата изнесува 148 денари за метар квадратен. За учество во постапката е неопходно заинтересираните субјекти да ги достават своите пријави најдоцна до 18 декември, а јавното наддавање ќе се одржи на 23 декември. Новата населба „Јака“ се наоѓа на територијата на општина Илинден, на десетина километри од центарот на Скопје.
Оние кои ќе се одлучат да градат објекти во оваа населба ја имаат можноста бесплатно да добијат идејно решение и основен проект, со што значително ќе им се намалат вкупните трошоци за градење на објектот и ќе се забрза постапката за добивање на градежна дозвола од општината.