Претходна статија
Проектот „Старите касарни за нов развој“ зема замав
Следна статија
Германски финансии за македонската енергетика

Продажба на парцели за бензински пумпи

Објавено на 29.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски распиша огласи за продажба на државно градежно земјиште на повеќе локации низ државата, наменето за изградба на бензински пумпи. Со огласот се опфатени локации во општините Штип, Струга, Новаци, Лозово и Ранковце. Продажбата ќе се одвива по пат на јавно наддавање. Во општина Ранковце се нуди парцела со површина од 51.732 m² за која почетната цена изнесува 130 денари за m², во општина Струга парцела со површина од 17.286 m² и почетна цена од 400 денари за m², во општина Лозово парцела со површина од 6.723 m² и почетна цена од 250 денари за m² и во општина Штип парцела со површина од 1.525 m² и почетна цена од 850 денари за m². За овие локации рокот за пријавување е до 17.12.2010 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 23.12.2010. Исто така се нуди парцела во општина Новаци која е со површина од 1.099 m² и почетна цена од 250 денари за m². Пријавите за учество на јавното наддавање за оваа локација може да се достават најдоцна до 06.12.2010.