Претходна статија
Ќе се изработува проект за новата општинска зграда во Куманово
Следна статија
Нов трговски центар отворен во Скопје

Продадено државно градежно земјиште во општина Петровец

Објавено на 11.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Производствени погони, спортски терени и бензинска станица во наредниот период ќе се градат во општина Петровец. Во текот на вчерашниот и денешниот ден беа продадени неколку градежни парцели во мултифункционалната зона Ќојлија и во локалитетот Долно Коњаре. Најголем интерес беше забележан за земјиштето со површина од 4.885 метри квадратни наменето за бензинска станица, кое се отуѓи по цена од 1.250 денари за метар квадратен. Покрај оваа парцела од зоната Ќојлија, инвеститорите се одлучија да купат и локации за изградба на фабрики, а продадени се две парцели со површина од 8.875 и 4.061 метри квадратни за изградба на објекти за мали комерцијални и деловни намени, кои достигнаа вредност од 260, односно 140 денари за метар квадратен.

 

Општина Петровец на денешната електронска лицитација успеа да продаде и две парцели со површина од 18.995 и 11.708 метри квадратни за изградба на зданија за спорт и рекреација, со дополнителна класа на намена – мали комерцијални и деловни намени. Овие локации се отуѓија по цена од 121 денари за метар квадратен. Најповолните понудувачи на електронското јавно наддавање во претстојниот период ќе треба да ја уплатат понудената сума и да склучат купопродажен договор со локалната самоуправа. Општина Петровец е една од најактивните локални самоуправи, кога станува збор за оттуѓување на државното неизградено земјиште.