Претходна статија
Општина Центар додели 780 субвенции за купување велосипеди
Следна статија
Првата „барокна“ галија во Вардар отворена за гости

Продадени 20 парцели за изградба на викендички на езерото „Козјак“

Објавено на 22.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Македонски Брод успеа да продаде 20 од вкупно огласените 21 градежни парцели за изградба на викенд – куќи во населбата „Близанско“, на локацитетот Манастириште. Просторот се наоѓа во непосредна близина на езерото „Козјак“, на само 45 километри од центарот на Скопје. На денешната лицитација е отуѓено градежно земјиште со вкупна површина од 13.260 метри квадратни, по цена од 71 до 311 денари за метар квадратен. По склучувањето на договорите за купопродажба на продадените локации, во буџетите на локалната самоуправа и на државата ќе се слеат 1.937.675 денари, односно околу 31 илјади евра.

 

 

 

Во согласност со веќе донесените урбанистички планови за населбата, на крајбрежјето на вештачкото езеро „Козјак“ е предвидено да се подигнат 540 викенд – куќи. Овој атрактивен простор е поврзан со нов асфалтен пат до главниот град. Општина Македонски Брод во континуитет објавува огласи за продажба на државното неизградено земјиште на локалитетот, така што веќе за наредната недела е најавена уште една електронска лицитација на три парцели за изведба на мотел и на објекти за мали комерцијални и деловни дејности. Покрај нив, со урбанистичката документација е планирано покрај езерото „Козјак“ да се подигнат и хотели, одморалишта, ресторани и други објекти.