Претходна статија
Фасадите на постарите згради во Куманово ќе добијат нов изглед
Следна статија
Колку ќе ве чини да имате камин во вашиот дом?

Привршува реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Тетово

Објавено на 08.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До крајот на ноември ќе заврши изведбата на новиот фудбалски терен на стадионот во Тетово. Тетовската градоначалничка Теута Арифи денес изврши увид во реализираните работи. Таа информираше дека во период од мај до денес е поставена модерна дренажа, резервоар за вода за наводнување и одржување на тревата, а била засадена и природна трева. Во претстојниот период треба да се постават рефлекторите за одигрување на ноќни натпревари, за што Општина Тетово ги издала неопходните дозволи на изведувачот на работите. Очекувањата се дека новото осветлување ќе биде поставено до крајот на ноември.

 

* Извор: www.stadiontour.at

 

 

Градскиот стадион во Тетово се реконструира во рамки на проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА. За тековните активности се издвоени финансиски средства во висина од 800.000 евра. Градоначалничката Арифи денеска посочи дека допрва ќе се обновува трибинскиот, подтрибинскиот простор и другите пропратни содржини. Таа изјави дека привршува изготвувањето на потребната документација за јавно – приватно партнерство, со што приватен партнер би ги презел работите за довршување на реконструкцијата.

 

Градскиот стадион во Тетово треба да добие покриена трибина со капацитет од минимум 5.000 седишта, како и реконструиран подтрибински простор (соблекувални и други пропратни простории).