Претходна статија
Булевар Србија напредува бавно
Следна статија
Почнува исцртувањето на нов ГУП за Скопје

Привршува расчистувањето за спортски центар во Аеродром

Објавено на 18.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Дел од просторот каде ќе се протега идниот спортско-рекреативен центарПросторот покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром, на кој до неодамна функционираше голема граджна база на АДГ Маврово е речиси расчистен од времените објекти кои таму егзистираа околу три децении. При крај е и изнесувањето на шутот и другите остатоци. Со ова се обезбедуваат предуслови за реализација на неодамна донесениот урбанистички план, кој воглавно предвидува спортски и рекреативни содржини.


Извадок од ДУПЛокацијата е опфатена со ДУП Јане Сандански, урбана единица Г. Со него на овој простор и околината е зацртан спортски центар кој вклучува нова спортска сала, сала за хокеј и уметничко лизгање, олимписки базен, фудбалско игралиште со монтажна трибина, како и две ракометни игралишта и четири дополнителни тениски игралишта. Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека проектите ќе ги реализираат во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Тој најавува дека спортската сала ќе има капацитет од 4.000 гледачи, а трибината на фудбалското игралиште ќе може да прими 1.000 гледачи. Во рамките на центарот, ДУП-от предвидува и два хотели, забавен парк и подземни гаражи.


Расчистувањето започна во септември и првично беше најавено дека ќе заврши за дваесетина дена.