Претходна статија
Град Скопје годинава изградил 14,6 km нови велосипедски патеки
Следна статија
Започна изградбата на нова детска градинка во скопско Стајковци

Привршува изградбата на Премиум деловниот центар на Мак АутоСтар

Објавено на 26.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонскиот главен град наскоро ќе добие нов деловно здание од високата А-класа. Мак АутоСтар ја привршува изградбата на Премиум деловниот центар во скопската населба Керамидница, којшто ќе има вкупна површина од 18.980 метри квадратни. Оваа седумкатна зграда висока 46,4 метри периодов го доби својот финален надворешен изглед, кој е изработен по проектот од 2016 година на „Ателје Ајвар“ (Миодраг Радоњиќ – Бато, Ранчо Христов, Ана Радоњиќ, Дамјан Христов). Стаклената фасада е веќе изведена, а летово беше поставен и знакот на „Мерцедес Бенз“ налик на „Европа Центар“ во Берлин.

 

Во претстојниот период треба да се доврши внатрешното уредување на просторот на Премиум деловниот центар во Скопје. Како што веќе беше најавено од инвеститорот Мак АутоСтар, просториите во новата зграда ќе бидат користени за сопствени потреби за увозникот на „Мерцедес“ во Македонија, но и за изнајмување на работен простор од други компании. Објектот располага со подземен паркинг на три нивоа, а во негови рамки е предвидено да има ресторан со кафетерија.

 

 

Премиум деловниот центар започна да се гради кон средината на март 2017 година, на градежна парцела од 5.060 метри квадратни, а инвеститорот тогаш појасни дека планира да вложи над 10 милиони евра. Изведувач на градежните работи e „Гранит“.