Претходна статија
Пехчево бара приватен партнер за изградба на фотоволтаична централа
Следна статија
Заедничкиот железнички премин во Табановце ќе почне да се гради наредната година

Привршува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија

Објавено на 12.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По речиси четири години од почетокот на изградбата, пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија наскоро ќе биде пуштена во употреба. Како што информираат од Општина Гевгелија, во периодов е извршена пробна работа на инфраструктурниот објект и веќе е постигнато испуштање на пречистена вода во реката Вардар. „Современиот профил на пречистителната станица, меѓу другото вклучува и систем за континуирано следење, каде што во секое време се отчитува дотокот на отпадни води и работењето на инсталираната опрема. Освен тоа, во рамките на станицата работи и лабораторија која ги анализира примероците на испуштена вода“ информираат од Општина Гевгелија.

 

 

Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија започна да се гради во летото 2014 година. Швајцарско-грчкиот конзорциум од фирмите „Фела Планунгс АГ“ и „Месогеос“, како и скопски „Гранит“, го изведуваа инфраструктурниот објект со вредност од 9,6 милиони евра. Сите три фази од неговата реализација се финансираа со обезбедените средства од владите на Македонија, Грција и на Швајцарската агенција за развој.