Претходна статија
Втор тендер за реконструкција на главната пошта во Скопје
Следна статија
Експертите бараат модернизација на ТЕ „Осломеј“

Привршува изградбата на подземната гаража кај МОБ

Објавено на 10.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните работи за изведба на новата подземна гаража кај Македонската опера и балет (МОБ) се приближуваат кон својот крај. Скопски „Бетон“ ја привршува работата на терен, а деновиве Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија публикуваше оглас за пронаоѓање компанија што ќе ги изведе трите излези од подземното паркиралиште со капацитет од 845 паркинг места. Тие процениле дека изградбата на излезите од идниот паркинг ќе чинат околу 1,7 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ. Доставувањето на понудите за реализација на зафатот е до 19 јуни, по што ќе следи изборот на градежна компанија што ќе ги изведе излезите.

 

 

 

Изградбата на подземната гаража на две нивоа доцни веќе една и пол година. Паркингот ќе се протега на површина од 21.770 метри квадратни, а неговото завршување е од исклучително значење, поради тоа што не постои адекватен паркинг капацитет за новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ долж реката Вардар, но и за објектот на Македонската опера и балет. Од државниот буџет за новата подземна гаража кај МОБ се издвоија финансиски средства од над 570 милиони денари, односно околу 9,3 милиони евра.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски