Претходна статија
Општина Валандово ќе формира нова индустриска зона во Јосифово
Следна статија
На почетокот на ноември ќе се знае кој ќе го гради трамвајот во Скопје

Привршува изградбата на филтер станицата во скопската железарница

Објавено на 03.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на постројката за отпрашување во погонот Челичарница од скопската железарница се реализира според однапред предвидената динамика и се очекува целиот процес да биде завршен во договорените рокови. Компанијата „Макстил“ денеска соопшти дека ќе ги испочитува роковите за инсталирање на новата опрема за третман на гасови најдоцна до 1 ноември годинава. Според договорот со надлежните институции, производните активности по целата технолошка линија во текот на реализацијата на проектот се редуцирани на ниво од 30% од инсталираните капацитетни можности.

 

 

 

 

Како носител на проектот се јавува италијанската компанија „СТГ Груп“ (STG Group S.p.A.), која ја изработи целокупната документација и е компанија од каде што е набавена опремата. Изведувачи на севкупните работи во проектот „Нова филтерска постројка“ во погонот Челичарница се фирмите „Бетон“ и „Факом“ од Скопје, додека надзорот над градежните активности го врши „Градежен институт Македонија“. За изградба на филтер станицата во кругот на металургискиот комплекс ќе бидат вложени 10 милиони евра.