Претходна статија
Објавен тендер за изградба на гасоводот Неготино - Битола
Следна статија
Општина Чаир ќе го дислоцира споменикот на Скендербег

Приватниот ФОН Универзитет со сопствен студентски дом

Објавено на 19.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

International Student Center FON University е новиот реализиран проект на приватниот ФОН Универзитет. Со финализирањето на објектот во скопската општина Гази Баба, кампусот на ФОН прераснува во комплетна универзитетска целина. Студентскиот дом се простира на површина од 20.000 метри квадратни и има капацитет да прими 500 студенти во 150 апартмани. Мултифункционалниот простор има сопствена библиотека, рекреативен центар и дополнителни содржини за задоволување на сите потреби на студентите. Од ФОН Универзитетот информираат дека финализираниот кампус ќе ги задоволи сите светски стандарди карактеристични за приватните високообразовни установи.

 

####

####

 

 

Студентскиот дом се наоѓа во склоп на објектот на ФОН Универзитетот на булеварот Киро Глигоров. Идејното решение за сместувачкиот капацитет го изработи италијанската дизајнерска компанија БЕРТОНЕ. ФОН Универзитетот е прва приватна високошколска установа во Македонија што инвестираше во изведба на ваков сместувачки капацитет за студентите.