Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Плоштадот „Пресвета Богородица“ ќе биде готов до август
Следна статија
Министерството за транспорт ја кочи обновата на ресторанот „Езерце“

Приватен концесионер ќе воведе зонско паркирање во Кавадарци

Објавено на 17.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кавадарци планира да воведе зонско паркирање по пат на доделување на договор за концесија за давање на услуги за паркирање. Градскиот совет на последната седница ја донесе одлуката за отпочнување на целокупната постапка, која е предвидено да финишира со пронаоѓање на приватна компанија што ќе го спроведе зонското паркирање во градот. Со доделување на постоечкиот паркинг простор, концесионерот ќе преземе обврска за обезбедување предуслови за овозможување на оваа услуга во Кавадарци. Проценетата вредност на договорот изнесува 269.922 евра.

 

 

 

Со зонското паркирање е предвидено да се обезбеди нов и автоматизиран начин на управување и контрола на уличното паркирање, како и да се набави опрема за овозможување на оваа услуга од приватниот инвеститор. Општина Кавадарци планира да го избере концесионерот по пат на отворена постапка. За реализација на овој проект лани беше изготвена и физибилити студија. Во согласност со документот, зацртано е целиот град да се подели на три зони, при што паркирањето во централното градско подрачје би чинело 30 денари за првиот час, 40 денари за вториот час и 50 денари за третиот и за секој нареден час.

 

Зонското паркирање во Кавадарци ќе го плаќаат и станарите на оние згради што се лоцирани во рамките на просторот што ги опфаќа трите зони. Локалната самоуправа очекува дека со спроведување на проектот да се стимулира алтернативниот превоз, со што би се избегнал постојниот сообраќаен метеж во Кавадарци. Опозициските советници од СДСМ се спротивставија на одлуката за доделување на договор за јавно – приватно партнерство, сметајќи дека Општината треба самата да оформи јавно претпријатие за регулирање на паркирањето во градот.

 

Како дел од напорите за ублажување на проблемот со паркирање во градот, минатата година Општината пушти во употреба модуларен паркинг со капацитет од околу 80 возила, лоциран до паркот „Алеја на великаните“.