Претходна статија
Скопски „Бетон“ ќе ја прави фасадата на Министерството за транспорт
Следна статија
Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе

Пристигнуваат нови товарни вагони за железницата

Објавено на 27.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека пристигнале 107 од вкупно 150 товарни вагони за осовременување на возниот парк на Македонски железници – Транспорт. Словачката компанија „ЖОС Трнава“ во изминативе неколку месеци испорачала најголем дел од вагоните, со што проектот е доведен во завршна фаза. Груевски потенцираше дека во наредните месеци ќе се испорачаат и преостанатите 43 товарни вагони, со што целосно ќе се исполни договорот вреден 13.208.750 евра. Националното претпријатие ќе добие 75 отворени вагони за превоз на руда и јаглен и уште 75 плато вагони за транспорт на контејнери и на производи од металната индустрија.

 

 

Воедно, премиерот Груевски најави дека шесте моторни гарнитури за превоз на патници ќе почнат да пристигнуваат од јули годинава до јануари 2016 година. Финансиските средства за купување на товарни и патнички вагони, но и за реконструкција на електрични локомотиви на Македонски железници – Транспорт, се реализира преку обезбедениот кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 50 милиони евра.