Претходна статија
ТЕМА: Треба ли да се менува проектот „Скопје изнајми велосипед“?
Следна статија
Државата продава земјиште за откупно - дистрибутивен центар во Ресен

Пристигнаа сите нови минибуси за ЈСП, наскоро пристига и втората пратка двокатни автобуси

Објавено на 09.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Yutong ZK6770HGСите 16 минибуси од моделот ZK6770HG  на кинескиот производител „Јутонг“, наменети за јавниот автобуски превоз во Скопје се пристигнати во главниот град и во тек е постапката за нивна хомологација, по што истите ќе бидат ставени во функција. Во меѓувреме „Јутонг“ ја започна испораката и на нови 68 двокатни автобуси за ЈСП. Автобусите во текот на денешниот ден се товареле на пристаништето во Шангај и се очекува да бидат истоварени во Пиреа кон средината на февруари, а во Македонија да пристигнат во март. До сега како дел од владината нарачка во Македонија веќе пристигнаа 68 двокатни автобуси. До крајот на 2013 година треба да бидат испорачани и преостанатите 66 примероци.

 

» Форумска дискусија за јавниот автобуски превоз
» Форумска дискусија за двокатните автобуси