Претходна статија
Започна изградбата на третата кула од „Џеваир Скај Сити“
Следна статија
Потпишан договорот за адаптација на Милениумскиот крст

Прилеп подготвен да инвестира во новиот стадион „Гоце Делчев“

Објавено на 08.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната самоуправа во соработка со јавното претпријатие „Комуналец“ од Прилеп планираат да го реконструираат и надградат постоечкиот фудбалски стадион „Гоце Делчев“ [»мапа]. По преземањето на неговата сопственост од спортските клубови, општината во изминативе три месеци инвестираше во санирање на фудбалскиот терен, а градоначалникот Марјан Ристески денес обелодени дел од информациите за проектот што треба да реализира во претстојниот период. Надградбата на стадионот ќе се одвива во етапи, при што целосно ќе се реконструира и покрие трибинскиот простор, ќе се изведе подтрибински простор, а идејното решение предвидува и стаклена фасада.

 

Во рамките на стадионот ќе има простор за продажба на билети и продавница за спортски реквизити. Покрај обновата на фудбалскиот терен, општината ќе инвестира и во поставување рефлектори за вечерните натпревари. Идниот стадион „Гоце Делчев“ е предвидено да има капацитет за 15.000 гледачи. Со планираниот зафат ќе се задоволат сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари. Покрај пари од општинскиот буџет, за реализација на проектот се очекува и донација од УЕФА со посредство на ФФМ, која веќе аплицираше за добивање финансиски средства од „хет – трик“ програмата за реконструкција на пет фудбалски стадиони во земјава.