Претходна статија
Општина Центар го стартуваше проектот за гасификација
Следна статија
Скопски „Бетон“ се пресели во нова деловна зграда

Прилеп конечно ќе добие нова меѓуградска автобуска станица

Објавено на 19.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска го поставија камен – темелникот на идната меѓуградска автобуска станица во градот. Објектот се гради на земјиште со површина од 5.299 метри квадратни, во непосредна близина на постоечката железничка станица [»мапа]. Зданието е предвидено да има приземје и двата ката, а инвеститор и иден стопанственик е компанијата „Пелагонија бус“. Проектот го изработи „Форма“ од Струмица.

 

 

 

„Станицата ќе биде на 500 до 700 метри квадратни со сите неопходни објекти и простор за автобуска станица. Сакаме да се категоризираме во прва категорија со работно време од 24 часа. Ќе има билетарница, тобако, ќе се издава простор под наем за други придружни објекти. Веќе имаме искуство во оваа дејност. Сопственици сме на автобуски станици во Берово, Штип и Велес“, изјави претставникот на инвеститорот Горан Трпкоски.

 

 

 

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески вети дека поширокиот простор околу станицата комплетно ќе се уреди. „Преку Европската унија и владата заедно со локалната самоуправа се обезбедени средства за уредување на целиот простор што ќе ја зафаќа железничката станица, тротоарите, зелените површини, осветлувањето и сообраќајното уредување со кружни текови“, истакна градоначалникот Ристески. Градежното земјиште за изградба на автобуската станица беше продадено на електронско јавно наддавање во ноември минатата година. „Пелагонија бус“ ја купи парцелата по цена од 970 денари од метар квадратен.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект