Претходна статија
Македонија на Венециското биенале за архитектура со „Ничија земја“
Следна статија
Осветена црквата „Света Петка“ во Прилеп

Придобивки од греењето на пелети

Објавено на 23.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Камините на пелети како систем за греење во последните години се сè позастапени во современите домаќинства. Со текот на годините нивниот изглед и функционалност еволуираа па денес освен што се ефикасни, камините на пелети се и модерен декор во домот. Овие камини имаат и многу други предности, а во продолжение издвоивме неколку од нив.

 

 

 

Ефикасност

Поради ниското количество на влага, пелетите се мошне ефикасен начин на греење. Ниското количество на влага значи дека полесно можете да ги запалите, а и дека полесно согоруваат. Напредната технологија со која се изработени камини на пелети овозможува висока искористеност и до 94%, а воедно можат да бидат и поврзани со парно греење.

 

 

 

Минимално одржување

Со пелетите нема да потрошите премногу време на чистење. Камините го согоруваат пелетот речиси во целост и поради тоа не оставаат скоро никаков отпаден материјал со исклучок на тенок слој прашина. Друга предност е што најголемиот дел од печките односно котлите функционираат автоматски – вие треба само да ја наполните печката и да ја наместите на посакуваната температура.

 

 

 

Лесни за складирање и транспорт

Пелетите се спореден производ кој настанува при обработка на дрвото. Денеска, пакувањата на пелетите се практични (најчесто се пакуваат во вреќи со различна големина), па така оние семејства што се одлучиле да се греат на пелети, нема да имаат проблем со складирањето. Споредено со набавката и складирањето на дрва, пелетите се многу поедноставна опција. Тие зафаќаат помал простор – колку за споредба пелетите зафаќаат отприлика една третина од просторот што би го зафатило дрвото. Дополнителна придобивка е што се полесни и за транспорт.

 

 

Не загадуваат

Ако сте дел од оние што сакаат да водат сметка за околината, пелетите се вистинскиот избор. Тие се чист и обновлив извор на енергија кој е CO2 неутрален. Тоа значи дека количината на јаглерод диоксид која ја испушта пелетот при согорување е во нормална граница која можат да ја прочистат околните дрва.

 

 

 

Понудата на камини, котли и печки на пелети, како и пелети на македонскиот пазар можете да ја погледнете тука.

 

 

 

Комерцијален текст