Претходна статија
Стартуваше проширувањето на дел од Илинденска
Следна статија
Започна реконструкцијата на покривот на „јужна“

Презентиран проектот за нова зграда во судскиот комплекс

Објавено на 16.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за правда, Михајло Маневски, денеска го претстави проектот за најавениот објект на Кривичниот суд. За новата зграда е добиено решение за локациски услови и одобрение за градба, а во тек е тендер за избор на изведувач. На 8.862 метри квадратни корисна површина меѓудругото ќе има 74 судски кабинети, 22 средни судници, како и  2 големи репрезентативни судници, за 200 и за 100 лица. На приземјето ќе се наоѓа шалтерска сала за 60 вработени и спомен просторија, а во подрумот на две нивоа ќе има паркинг простор за 60 возила. Предвидени се три одвоени и независни комуникациски нивоа за јавноста, вработените и приведените лица.


Објектот кој е зацртан со „ДУП Судска палата 2“ ќе никне во постојниот судски комплекс, веднаш до зградите на Врховниот суд, Апелациониот суд и Основниот суд Скопје 1, на празниот простор зад Архивот на Македонија. Рокот за изградба е 18 месеци, а во јануари беше соопштено дека градежните работи ќе почнат во март. Тогаш беше лиферувана информација дека инвестицијата ќе чини 6 милиони евра, но на денешната презентација немаше потврда за сумата.




Форумска дискусија за овој проект –> овде



Визуелизации: